Шојгу лут, обвинува: Израел е целосно виновен за соборувањето на рускиот авион

Командата на руската група беше известена само неколку минути пред нападот на израелскиот Ф-16 - наведува рускиот министер за одбрана.

277

Израел е целосно одговорен за соборувањето на рускиот воен авион и за загинувањето на екипажот во Сирија, нагласи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во телефонскиот разговор со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, јавија руски медиуми.

– Сергеј Шојгу истакна дека вината за соборениот руски авиони загинувањето на екипажот е целосно на израелска страна – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Тој нагласи дека поради неодговорна акција на воздухопловните сили се случила трагедија во која загинале 15 руски војници.

– Без оглед на постоечкиот договор за спречување опасни инциденти со Израел, Командата на руската група беше известена само неколку минути пред нападот на израелскиот Ф-16 – наведува рускиот министер за одбрана.

Рускиот воен авион Иљушин 20 синоќе беше соборен со ракета од сириски комплекс С-200. Инцидентот се случил за време на нападите на четири израелски авиони Ф-16 врз сириски цели во провинцијата Латакија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...