Шојгу: Инцидентот со подморницата е предизвикан од пожар во одделот за акумулатор

Морнарите загинаа во понеделникот во територијалните води на Русија на далечниот северен дел на земјата. 

83

Главната причина за инцидентот со руската подморница, во кој загинаа 14 членови на екипажот, е пожар во одделот за напојување на електричниот систем во подморницата, соопшти министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

– Утврдена е основната причина за инцидентот, тоа е пожар во одделот за акумулатор, кој потоа се проширил, рече Шојгу по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

Во документот објавен на веб-страницата на Кремљ, се наведува дека Шојгу му рекол на претседател Путин дека пожарот избувнал во машинското одделение и истакнал дека нуклеарниот реактор во подморницата бил целосно изолиран.

Морнарите загинаа во понеделникот во територијалните води на Русија на далечниот северен дел на земјата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...