Минатиот петок полицијата прекинала венчавка во Австрија. Го уапсиле младоженецот. Сузан Б. (29) во Салцбург требало да се омажи за момче (32) од Гамбија. Но, тој во Австрија бил илегално па завршил во притвор.
Освен тоа, бргу се дознало и дека невестата е веќе мажена. Девојката на 7 јануари 2016 година се омажила во Нигерија. Двојката има два сина на возраст од две и четири години. Веќе во ноември 2016 година мажот од Нигерија ја оставил Сузан бидејќи ја „фатил“ со љубовникот од Гамбија.
Мажот потоа го обвинил љубовникот дека ги злоставувал синовите. Сузана возвратила со противтужба и мажот го обвинила за клевета. Двојката требало да се разведе во 2018 година, но Сузан не го поминала задолжителното советување.
Сузан сега ја товарат за бигамија, а градските власти би можеле да ја обвинат дека се обидела да ги измами бидејќи им го скрила бракот.
Сузан за ОЕ24 рекла дека не знаела дека е во брак.
– Мислев дека според австриските закони бракот од Нигерија не вреди. Тоа повеќе беше церемонија за неговите родители. Тоа не беше вистинска венчавка. Не добив никакви службени документи од венчавката. Зарем навистина мислите дека би се мажела ако знаев дека сум во брак? – рекла Сузан.
ФОТО: 24sata.hr