Шокантното интервју на Бордејн: Клинтон е силувач, Вајнстин сакам да го претепаат до смрт!

864

Славниот готвач и гастро патописец Ентони Бордејн, кој минатиот месец изврши самоубиство во хотелската соба во Франција, своето последно интервју и го дал на новинарката Марија Бастиљос за нејзиниот неодамна покренат магазин „Попула“.

Клинтон е силувач
Бордејн, меѓу останатото, го обвинил поранешниот американски претседател Бил Клинон поради реакциите на обвиненијата за сексуалното вознемирување, како и неговата сопруга Хилари, која ги „уништила тие жени“.

Бордејн, еден од најпознатите следбеници на движењето #MeToo го нарекол Бил Клинтон силувач, а изјавил дека би сакал да го види продуцентот Харви Вајнстин „претепан до смрт во својата ќелија“. Покрај тоа, како борец за женските права, опишал како ја замислува смртта на Вајнстин.

„Го замислувам како стои во својата огромна бања и телефонира и ненадејно го покосува мозочен удар. И во последните моменти на свеста се обидува да размисли кого да повика, кој ќе му помогне.“

Хилари е неискрена

Бордејн за Клинтон рекол дека е „г…о, арогантен, напасник, грубијан, одвратен“. Инаку, Вајнстин бил домаќин на забавата за Хилари и Бил Клинтон и голем донатор на бившиот претседател во текот на неговата предизборна кампања во 1999 година.

Тој истакнал дека Бил и Хилари Клинтон „им плукнале во лице“ на сите жени кои изглегле во јавноста со обвиненијата на сметка на продуцентот Вајнстин.

– Тој е многу шармантен човек, неверојатен е. Хилари, исто така. Кога сте во соба со неа, мислите дека е добра и забавна. Меѓутоа, срамен е начинот на кој тие ги понижија и дискредитираа сите жени кои ја изнесоа вистината – рекол тогаш.

Откако обвиненијата почнале да се таложат на сметка на Вајнстин, Хилари рекла дека е изненадена и дека не знаела точно што се случувало зад затворените врати.

– Тоа е нешто што не смее да се толерира. Обвиненијата ја покажаа другата страна на личноста која сите со години ја познававме – рекла тогаш Клинтон.

Бордејн, кој беше во врска со италијанската актерка Азија Арџенто, една од првите жени кои го обвинија Вајнстин за сексуално малтретирање, го коментирал и одговорот на Хилари Клинтон на лавината од обвиненија на неговата сметка. Тој остро ја нападнал Хилари велејќи дека е неискрена, а нејзиниот истап дека е срамен.
– Луѓето очекуваа дека поинаку ќе реагира. Се сеќавам дека седев со Азија и го гледав оправдувањето на Хилари за Вајстин. Тоа беше страшно. Веднаш објавив на Твитер колку сум разочаран. Нејзината реакција беше застрашувачка. Кога ќе помислам дека гласав за неа… Таа изјава страшно ме разочара. Но, подоцна испадна дека ја обвинувам неа за злосторствата на Вајнстин и таквиот развој на нештата мошне не исплаши – рекол Бордејн.

Трамп нема поим
Славниот готвач се осврнал и на актуелната политика, оспорувајќи ја компетентноста на Доналд Трамп, за кого истакнал дека нема претстава за тоа како функционира власта во Америка.

– Тоа отприлика изгледа вака: „Ма во ред е. Ќе ми го објасни тоа Џаред подоцна. Дали Џаред ги кубе веѓите? Ова не се природни веѓи. И никој никогаш не рекол за него дека е добар, стабилен човек кој нема да предаде. Тоа момче ќе почне да плаче штом некој ќе му покаже чинија со затворска храна – ироничен бил Бордејн за Трамп и неговиот зет Џаред Кушнер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...