Албанските власти реагираа откако британските медиуми објавија серија хорор фотографии од зоолошката градина во Фиер, на југозападот на земјата.
Шокантни фотографии на кои се гледаат болни и изгладнети животни ја шокираа јавноста. На нив се гледа прегладнет лав со инфекција на очите во живеалиште под сите стандарди.
Британските медиуми објавија серија фотографии и од другите запоставени животни во приватната зоолошка „Сафари- парк” во Фиер.
Денеска министерот за туризам и заштита на животната средина на Албанија, Бленди Клоси наредил спасување на животните и нивно преместување во побезбедни услови.
– Реагирам на вестите објавени во Дејли Меил, како и на десетиците пораки за неприфатливата ссотојба во која живеат животните во приватната зоолошка градина во Фиер. Наредив итна акција за спасување од страна на инспекторатот, кои заедно со полицијата и организацијатаз а заштита на животните, ќе ги преместат и заштитат овие животни -изјави министерот.
Откако Дејли Меил ги објави шокантните фотографии на кои се гледаат животни, кои престојуваат во бетонски нечисти кафези и одат по својот измет, овие фотографии се раширија и во другите медиуми, како и преку социјалните мрежи. Не е познато дали и каква казна ќе добие сопственикот на зоолошката градина.