Шкотска ќе направи сѐ за да го спречи Брегзит

130

Лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен, изјави дека нејзината партија, со своите 35 пратеници, ќе ги испита сите опции во парламентот да го спречи излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Британските медиуми пренесуваат дека таа не ја исклучува можноста да го поддржи и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин.

– Ќе работиме со сите и ќе ја истражиме секоја опција за да спречиме Брегзит – рече Старџен.

Таа додаде дека Корбин, кој претходно ги повика политичките противници да го поддржат во обидот да ја турне владата на Борис Џонсон, мора да изнесе јасен став за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...