Шкотска и по Брегзит ќе го вее знамето на ЕУ на Парламентот

Шеесет и два проценти од Шкотите гласаа да останат во ЕУ на референдум во јуни 2016 година. Сепак, тие ќе го напуштат блокот утревечер, како и остатокот од Обединетото кралство. 

111

Знамето на Европската унија ќе продолжи да се вее од зградата на шкотскиот Парламент по Брегзит.

По жестоката расправа, членовите на Регионалното собрание на Единбург одлучија со 63 наспроти 54 гласови да не се отстрани знамето.

Во текстот на документот се наведува дека мерката се спроведува за „поддршка и солидарност со граѓаните на ЕУ кои ја избрале Шкотска за свој дом“.

Шеесет и два проценти од Шкотите гласаа да останат во ЕУ на референдум во јуни 2016 година. Сепак, тие ќе го напуштат блокот утревечер, како и остатокот од Обединетото кралство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...