ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје и Bioderma Македонија ja отворија првaтa Школa за атопија во просториите на Kлиниката. Целта на оваa школa е едукација на пациентите со атопија и нивните родители, за природата на болеста, како и за правилна нега на кожата.
Преку оваa школa пациентите ќе научат како правилно да ја негуваат својата кожа, како да се справат со секојдневните предизвици што ги причинува атописката кожа, како да ја стават под конторла оваа состојба на кожата, но и како да го одржуваат постигнатиот резултат.
Атопискиот дерматит има бројни синоними – атопичен екцем, ендоген екзем, конституционален екзем, невродермит. Атопискиот дерматит e болест со наследна диспозиција, воспалителна, хронична-рецидивирачка болест. Се јавува најчесто во раната детска возраст, кај 20-30% од детската популација, но и кај возрасни 2-10% .
Водечки симптоми се сува кожа и силен јадеж, црвени влажни плажи со крусти. Една третина од пациентите со атопискиот дерматит развиваат астма, алегичен ринит или хронични алергии.
Школата ќе работи со заинтересираните пациенти и нивните семејства, низ работилници и обуки од стручен тим, дерматолог, педијатар, алерголог, и психолог на нивна едукација заради превенција на атопискиот дерматит, нега на кожата од самото раѓање и подобрување на заштитната функција на кожата.
Целта е да се подобри квалитетот на животот на пациентите и нивните семејства и да се намали товарот на оваа болест.