Шилегов им се налути на амбасадорите: Ќе им става блокатори ако не научат да паркираат и да плаќаат паркинг

3015

Град Скопје ги повика амбасадите на странски држави во нашата земја да си ги паркираат прописно своите возило или ќе добијат ист третпан како и сите останати.

„Во изминатиов период, градоначалникот на Град Скопје неколкупати писмено се обраќаше до амбасадите кои не ги почитуваат прописите за паркирање со потсетување дека своите службени возила треба да ги паркираат на површини означени како паркиралишта. Контролорите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно се соочуваат со непрописно паркирани возила со дипломатски таблички. Град Скопје стои на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи. Дипломатските возила треба да бидат уредно паркирани и притоа да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот, ниту да го попречуваат движењето на пешаците и на велосипедистите“, соопштија од Градот.

Оттаму апелираат сите навреме да си плаќаат паркинг за да не бидат казнети и да не им се поставува блокатор на тркалото и потсетуваат дека може да се плати преку СМС порака или со греб-картичка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...