Шилегов: Еден е Вардар, ајде масовно на плоштад!

491

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска на плоштадот Македонија, ќе постави голем видео бим, на кој граѓаните ќе можат заеднички да го следат и бодрат ракометниот клуб Вардар на финалето против Веспрем за нова европска шампионска титула.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула“, најави синоќа на својот Фејсбук профил Градоначалникот Петре Шилегов.

„Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар!!!“, напиша Шилегов, повикувајќи ги граѓаните на што помасовно присуство на плоштадот Македоија.

Македонскиот шампион денеска со почеток во 18 часот во Келн ќе го игра второто европско финале во својата историја, а противник ќе му биде Веспрем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...