Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова го праша денеска градоначалникот Петре Шилегов како може фирми регистрирани на иста адреса во рок од еден месец да добијат два тендера од ЈСП во висина од 200.000 евра.
– Што се однесува на тендерот за консултантски услуги се пријави само една фирма. Со законските измени вашата партија дозволи на тендер да учествува една фирма, нешто со што јас лично не се согласувам, сметам дека треба да има натпревар. Претходниот тендер за консултантски услуги го добил козметички салон, депилаторка пишувала консултантски услуги. Ве охрабрувам ако сметате дека има криминални дејствија да пријавите, јас ќе дојдам со вас во Јавното обвинителство – ѝ одговори Шилегов на Попова.