Шешељ повторно во центарот на вниманието, го посети убиецот на Ѓинѓиќ

Хашкиот осуденик Шешељ е повторно во центарот на вниманието, овојпат со посетата на Легија, убиецот на српскиот премиер.

1906

Хашкиот осуденик Шешељ е повторно во центарот на вниманието, овојпат со посетата на затвореникот Легија, а Звездан Јовановиќ ќе го посети денес, пренесува Данас.

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во четвртокот бил во Воспитно-поправниот дом „Забела“ во посета на Милорад Улемек Легија, поранешен командант на ЈСО, кој се наоѓа на издржување на казна затвор од 40 години за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Неговата намера е да покрене ревизија на постапката против Легија и Звездан Јовановиќ, исто така, осуден на 40 години затвор за убиството на Ѓинѓиќ, поради, како што рече, новите околности и докази со кои располага и кои се релевантни за повторно  започнување на процесот.

– Јас добив полномошно потпишано од Улемек за покренување на сите правни лекови со неговите адвокати. Се надевам дека ќе добијам  полномошно во петок и од Јовановиќ – рече Шешељ.

Тој се надева дека ќе го ослободи Легија од затвор, но исто така и  Звездан, за кој тврди дека е незаконски осуден. „Тој беше претепан на сослушувањето, а генерал Родољуб Миловиќ на секој можен начин се заканувал, но не го добил признанието. Подоцна се заканиле дека ќе му го ликвидираат неговото семејство, и тој го потпишал признанието напишано од Миловиќ. Неговата адвокатка Весна Радомировиќ потпишала дека таа била присутна на сослушувањето, што не е точно – изјави Шешељ и истакна дека против сите актери на оваа незаконска пресуда ќе поднесе кривични пријави.

Тој донесе и пари за Легија, кој освен за убиството на Ѓинѓиќ, беше осуден на 40 години затвор и за убиството на Иван Стамболиќ, делувањето во „Земунскиот клан“ и за атентатот на Ибарската магистрала. Сепак, Шешељ не беше во можност да ги внесе парите и да му ги даде на убиецот, туку му беше кажано дека може да ги уплати во пошта на сметката на затворот „Забела“.

Посетата била побарана од Легија и Звездан, а барањето на хашкиот осуденик му било одобрено од Министерството за правда на Србија после неколку месеци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...