Ставот на Пендаровски дека нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт, е токму тоа што многумина тука, особено последниве недели го кажуваат и бараат тој постулат да биде разбран.
Како што бараме власта да разбере и да не глуми лудило дека во нејзините редови нема криминалци, затоа што тие се нашите хартиени херои и оттука се безгрешни светци.
Но, тоа што го добивме досега за возврат беа празни фрази, погрешни ПР тези, дури и по некоја закана и хајка под обвинение, не ни толку маскирано, дека сме ја рушеле власта.
Власта изигра крајно неодговорно, правдајќи се и криејќи се зад магловитите тези за напад врз нацијата и правната држава, кога правна држава воопшто и не постои.
Така што, ставот на Пендаровски е клучен да ви разбистри некои основни демократски принципи на функционирање на правна држава.
Што се однесува до безбедносната ситуација, беше јасен дека нема индикации за влошена состојба.
Затоа, помалку правдање, помалку ПР, помалку крими и шпионски филмови, помалку лижење на прљавиот газ на политиката и на власта, и малку повеќе здраворазумност и преземање одговорност.
Со други зборови, излезете од лошиот, манипулантски и дефокусирачки филм.
(ФБ статус на авторот)