Шефиц: На Балканот чекаат околу 50.000 потенцијални мигранти

Шефиц предупредува дека на одлуките на потенцијалните мигранти може да делуваат подобрените времснски услови за транзит, но и на некои одлуки на државите каде се наоѓаат. 

111

На Балканот чекаат околу 50.000 мигранти, поради што потребни се акции за координирање на работи за сузбивање илегални миграции во државите во кои сега се наоѓаат или низ кои минуваат. Проценките се дека во целиот регион, вклучително и Грција, има миграциски потенцијал од околу 50.000 луѓе, изјави Боштјан Шефиц, државен секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Шефиц изјавата ја даде за Словенечката телвизија, по посетите на Загреб, Белград и Тирана каде со свои колеги во изминатите два дена зборувал за состојбата и можен развој на ситуацијата. Тој потвди дека со колегите разговарал за координирани активности и за тоа како да се контролира сегашната состојба и онаа што може да настане во иднина.

Шефиц предупредува дека на одлуките на потенцијалните мигранти може да делуваат подобрените времснски услови за транзит, но и на некои одлуки на државите каде се наоѓаат.

– За разлика од ситуацијата во време на големата миграциска криза пред три години, сега 85 отсто бегалци бараат азил во Словенија, што е големо оптоварување, а промени се забележани и во структирата на мигранти, бидејќи најголем дел веќе не доаѓаат од Блискиот исток туку од северна Африка – предупреди Шефиц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...