Често ве облева пот, без оглед на тоа кое годишно време е и колку е надвор топло? Можеби е време да го послушате своето тело и да сфатите што ви порачува тоа.
Под стрес сте
По мирисот на потта лесно може да препознаете дали сте под стрес. Кога ви е топло, се активираат жлезди кои се наоѓаат по телото и произведуваат пот која главно се состои од вода и сол и нема нагласен мирис.
Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди кои се наоѓаат само на одредени делови од телото како пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така создаваат непријатен мирис.
Ширите позитивност или страв
Истражувањата покажале дека луѓето во ваша близина можат да препознаат што чувствувате по мирисот на вашата пот. Во еден експеримент, 36 жени морале да помирисаат примероци на пот на 12 мажи кои претходно гледале филмови кои имале задача да ги усреќат или преплашат.
Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта од среќните мажи, тој мирис во нив предизвикал блага реакција и насмевки.
Ви се заканува опасност од топлотен удар
Се шетате, а многу е топло и во еден момент чувствувате дека повеќе не се потите и ви се врти. Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и вашето тело не може да се „олади“ преку потењето.
Ако во тој момент веднаш не му дадете на телото вода, ви се заканува опасност од топлотен удар. Тргнете се во сенка. Никако немојте да пиете алкохолни пијалоци или пијалоци со кофеин, затоа што тие предизвикуваат дехидратација.
Ви паднал шеќерот во крвта
Зголеменото потење е еден од симптомите на нагло паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно ќе го решите со јадење чоколада или какво било слатко кое ќе ви се најде при рака.
Бремени сте или влегувате во менопауза
Ако постои можност да сте бремени или во менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат врз ендокриниот систем можат да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа им се случува на повеќето жени кои влегуваат во менопауза.
Слична работа се случува и на почетокот од бременоста. Тогаш хормонските промени предизвикуваат промена во „термостатот“ на мозокот, па поради тоа може да чувствувате топлина дури и во многу климатизирани простории и многу да се потите.
Имате хипердриоза
Ако не можете да најдете причина за своето зголемено потење, посетете лекар затоа што е можно да имете хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги поминува потребите за нормална терморегулација на телото.