Шест нови заразени од Ковид-19 во Белгија

183

Министерката за здравство на Белгија, Маги Де Блок, потврди уште шест нови случаи на заразени од коронавирусот, 24 часа откако беше потврден само еден нов.

Вкупно Белгија сега има осум случаи, од кој еден излечен, а зaсега нема ниту еден починат, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгиската Влада отсега ќе одржува дневна прес конференција секое утро во десет часот за да информира за состојбата со заразата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...