Шест милиони руски туристи ја посетија Турција годинава, изјави турскиот заменик министер за трговија Фатих Метин, на руско-турскиот бизнис форум.
Турција планира уште повеќе да го зголеми бројот на руски посетители.
Исти податоци објави и рускиот заменик министер за трговија Алексеј Груздев.
Метин додаде дека 2019 година е прогласена за година на културата и туризмот на Русија и Турција. Тој изрази надеж дека оваа година ќе бидат укинати визите за турските туристи во Русија.
Фото: EPA/ERDEM SAHIN