Шест милиони потписи на петицијата за преиспитување на Брегзит

40

Петицијата со која се бара од британската Влада да го повлече членот 50 и да го преиспита својот план за излез од Европската унија, помина шест милиони потписи, еден и пол ден откако Британија требаше да ја напушти Европската унија.

Весникот „Гардијан“ инфомира дека британските пратеници денеска треба да дискутираат за петицијата.

Владата на премиерката Тереза ​​Мај на 26 март објави дека нема да ја укине постапката од членот 50, тврдејќи дека на тој начин работи за исполнување на волјата која Британците ја изразија на референдумот за Брегзит во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...