Првата дама на САД, Меланија Трамп повика 30 ученици од шесто одделение во Белата куќа во склоп на месецот на борба против насилство во училиштата.
Самиот настан не привлече многу внимание, но една фотографија направена во текот на собирот го „запали“ интернетот.
На фотографијата се гледа девојче со прекрстени раце, кое за разлика од останатите деца кои заинтересирано разговараат со Меланија, не делува ниту малку импресионирано што ја запознала сопругата на првиот човек на САД и што се наоѓа во Белата куќа.
Нејзиниот потег предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Изразот на лицето на ученичката и позата го привлекоа вниманието на колумнистот на „Њујорк тајмс“, Чарлс Блоу, кој на Инстаграм ја објави фотографијата со хаштаг „Мене навистина не ми е грижа, а тебе?“, алудирајќи на истиот напис на јакната што Меланија ја носеше при посета на прифатен центар за деца на границата со Мексико, кога предизвика контроверзии.