Шести ден по ред коронавирусот „ги урива“ светските берзи

291

Шести ден по ред на светските берзи продолжува агонијата на пад на цените на акциите бидејќи брзото ширење на коронавирусот влијае врз инвеститорите да почнат да распродаваат различни активи и своите вложувања да ги насочуваат кон сигурни пласмни, како златото и државните благајнички записи.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 денеска опадна за четири отсто и официјално влезе во таканареченото поле на корекции, бидејќи веќе загуби повеќе од 10 проценти од вредноста во однос на своето рекордно ниво забележено на 19 февруари минатата година, извести Си-Ен-Би-Си.

Индексите на Франфуртската, Париската и Миланската берза, исто така, се најдоа во зоната на корекција.

Германскиот ДАКС денеска потона за 4,32 отсто, италијанскиот ФТСЕ МИБ за 3,93 отсто, а францускиот КАК 40 забележа загуба од 4,61 отсто. Индексот на Лондонската берза ФТСЕ 100, исто така, е во пад од 4,38 отсто.

Нервозата заради коронавирусот продолжува да го тресе и американскиот пазар на капитал.

На Волстрит индустрискиот индекс Дау Џонс опадна за над 500 поени, или за два отсто, S&P  се намали за 1,88 провенти, а во минус отиде и Насдак за 2,33 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...