Пејачката Шер (72) проговори за својот љубовен живот и се присети на нејзините љубовни авантури од минатото. Шер се забавувала со актерите Том Круз и Вал Килмер, па открила детали и за односите со нив.
Том Круз го запознала на венчавката на Шон Пен и Мадона во 1985 година, кога актерот имал 22 години. Таа објаснила дека подоцна имале и романса и дека го смета за еден од петте најдобри љубовници што ги имала.
Рекла и дека била во врска со Вал Килмер, додавајќи дека додека се бакнувала со него имала чувство дека главата ќе и се оддели од телото.
Во моментов Шер, како што посочила, има прилично беден љубовен живот, па „овие денови нема момче, но интензивно е во потрага“.
ФОТО: Твитер