Шерил Кол раскина со 10 години помладиот Лиам Пејн

251

Шерил Кол (35) и Лиам Пејн (25) раскинаа по две години врска. Откако медиумите со месеци шпекулираа дека тие раскинале, а Лиам потврдил дека непрекинато се расправаат и раскинуваат за да ја спасат врската, сепак на нивната романса ѝ дојде крај. Прво тоа го потврди Шерил на Твитер, а истата објава ја сподели и Лиам на својот профил.

„Тажни сме што објавуваме дека одлучивме да ни се разделат патиштата. Беше тешка одлука за нас. Сè уште се сакаме како семејство. Бер е нашиот свет и ве молиме да ја почитувате нашата приватност, додека да пројдеме низ ова“, стои во објавата.

Поранешните партнери го имаат 15-месечниот син Бер. Лиам се иселил од нивната вила во Лондон, вредна пет милиони фунти.

Еден ден пред објавата за раскинувањето, Шерил го прослави својот 35. роденден, а на Инстаграм сподели фотографии со пријателките од поранешната група „Грлс алауд“, кои се покрај неа додека го надминува тешкиот период.

ФОТО:Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...