Американскиот таблоид ТМЗ летово пишуваше дека Раде Шербеџија е уапсен откако пијан се тетеравел по улица и дека во неговиот автомобил е пронајдено отворено шише со виски, а актерот сега за Блиц откри што всушност се случило таа ноќ.
– Мене ме запреа и ми измерија 0,8 промили алкохол во крвта, а тоа е границата. Меѓутоа бараа да направам некои глупи потези, кои не можев да ги сторам поради болка во грбот и тогаш заклучија дека таа мала доза на алкохол кај мене значи дека не сум во можност да возам, па ме исклучија од сообраќај – изјавил Шербеџија.
Тогаш тој рекол и дека испил само три чаши вино и дека платил казна на лице место, а дека полицијата веднаш го пуштила.
Шербеџија додал дека му ласка дека се пишува за него:
– Тоа значи дека не сум непознат – вели тој.