Шекеринска, Димковски и Бабовски посетија земјоделско семејство во битолско

Гани Корчаревски, е еден успешен пример за земјоделец е еден од многуте корисници од мерките за ИПАРД 2 Програмата.

376

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски денеска во рамки на посетата на битолското село Граешница, се сретнаа со семејството Корчаревски.

Министерот Димковски истакна дека еден од многуте корисници од мерките за ИПАРД 2 Програмата. Гани Корчаревски, е еден успешен пример за земјоделец. Посочи дека Корчаревски со помош на финансиските средства од ИПАРД 2 Програмата инвестира во производство во случајот за набавка на современа механизација, што ќе му го олесни производството и ќе му ги намали трошоците.

– Гани има аплицирано за Мерка 1 – инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства за набавка на трактори и механизација за ѓубриво. Преку ИПАРД Програмата се одобрени за враќање 22.225 евра. Ова се успешни примери за земјоделци кои ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови, земјоделци кои инвестираат во модернизација на сопствено производство и знаат на крајот дека тоа ќе им биде исплатено – рече Димковски.

Потенцира дека можноста што ја нуди оваа програма за инвестиции за набавка на механизација ќе се придонесе за зголемување на ефикасноста на производство преку намалени трошоци во земјоделското производство и секако подобрување на земјоделскиот квалитет на самите производи.

– Изминатите две години континуирано работиме на создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. Освен преку оваа мерка со кои ќе им овозможиме на земјоделците да ја обноват земјоделската механизација, се овозможува и намалување на производствени трошоци кои ќе ги постигнеме и со мерката за кофинансирање за набавка на горивото која до крајот на месецов се очекува да им биде ставена на располагање на самите земјоделци или, како што обично ја нарекуваме „зелена нафта“ – рече Димковски.

Паралелно, појасни, заедно со Платежната агенција интензивно работиме за олеснување на критериумите за мерката ИПАРД и нивно приближување до самите земјоделци.

Резултатите се видливи, посочи министерот и додаде дека ако порано за склучување договори се чекало по една година, сега првите договори од последните јавни повици се склучија за само два месеци по нивното објавување.

– За само две години Република Северна Македонија стана позитивен пример во регионот во делот на искористеноста на ИПАРД-фондовите. Само за првиот јавен оглас за ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори, досега се исплатени 3,9 милиони евра. Огромен интерес земјоделците покажаа и за двете мерки од ИПАРД Програмата, што се објавија во вториот повик. Со ефикасната искористеност на овие средства агросекторот ќе се подготви за пристап во ЕУ со што ќе се обезбеди одржлив развој на руралната економија, отворање на нови работни места, што крајно ќе влијае врз развојот на вкупната економија – додаде Димковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...