Интернационалнот ден на Барби – 9.Март, ќе биде одбележан во „Колектив галерија“во Скопје, со почеток во 18 часот, со изложба на 66 кукли од колекцијата на триесетгодишната Ана Секуловска, а ќе се проектираат и видеа за најпознатата кукла на светот.
Накусо, сите големи и мали љубители на „Барби“ ќе имаат можност да се дружат, да се забавуваат и да научат нешто повеќе за својата омилена играчка од детството.
„Имам вкупно 66 барбики, меѓу кои и само еден Кен (момчето на Барби). Првата барбика што ја добив е сирена, на која ѝ се менува бојата на косата кога ќе се измие со ладна или со топла вода. Оваа Барбика ја добив кога имав 5 години (во 1994. Година) и ми ја донесе татко ми од службен пат.
Како почнав со собирање на Барбики!?
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey