Швеѓани украле кралски скапоцености и побегнале со глисер

Кралски скапоцености од непроценлива вредност биле украдени од катедралата Странгнас на југоистокот на Шведска, а потоа крадците побегнале со глисер.

147

Кралски скапоцености од непроценлива вредност биле украдени од катедралата Странгнас на југоистокот на Шведска, а потоа крадците побегнале со глисер. Потрагата по нив е во тек.

Помеѓу украдените предмети се две кралски круни што им припаѓале на Кралот Карл Деветти и на кралицата Кристина, како и кралски кристална топка.

– Украдените кралски предмети се дел од нашата национална култура. На овој начин се сквернави шведско општество, изјави старешината на катедралата Кристофер Лундгрен.

Карл Деветти владеел со Шведска од 1604. до својата смрт во 1611 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...