Шведските власти соопштија денеска дека на Маркус Саф не му се дозволени регистарски таблици со буквите „TRUMP“ (Трамп), бидејќи со тоа се прекршени правилата на Одделот за моторни возила, а комбинацијата на буквите е оценета како „навредлива“.
Таблоидот „Афтонбладет“ извести во саботата дека Саф изјавил оти бил во алкохолизирана состојба и сметал дека е забавно да побара онлајн нова регистарска таблица со презимето на претседателот на САД, Доналд Трамп, бидејќи визолото било американско.
Шведската сообраќајна агенција денеска ја потврди пресудата, истакнувајќи дека не одобрува комбинација на букви кои се однесуваат на политика.
Саф е известен дека на одлуката не може да поднесе жалба.