Шведска пред предвремени парламентарни избори

89

Шведска ќе се соочи со предвремени парламентарни избори, доколку политичките партии не го прекинат ривалството, поради кое државата и три месеци по изборите нема нова влада – оцени денеска претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.

– Партиите ја водат Шведска кон предвремени избори – изјави Норлен откако Парламентот денеска не го поддржа ни вториот обид на актуелниот шведски премиер и лидер на социјалдемократите Стефан Ловен за формирање влада.

Пратениците денеска со 200 гласа „против“ и 116 гласа „за“ не го усвоија предлогот за избор на Ловен за премиер. Парламентот претходно не го прифати ни предлогот за премиер да биде избран лидерот на конзервативната Умерена партија, Улф Кристершон.

– Затоа решив дека треба да преземам чекори за да се подготвам за избори – нагласи Норлен.

Парламентот има право да отфрли уште две кандидатури за премиер, пред да мора да бидат одржани нови избори.

– Направивме брз чекор кон новите избори – рече Кристершон по гласањето.

На изборите што се одржаа во септември, ниту левичарскиот, ниту есноцентристичкиот блок не обезбедија мнозинство во Парламентот. Во перидот по изборите двата блока не успеаја да постигнат договор за формирање нова влада, кој ќе ја спречи антиимигрантската десничарска партија Шведски демократи да играат важна улога во политиката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...