Шведското обвинителство денеска треба да одлучи дали повторно ќе ги отвори случаите за силување против основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж.
Ако Шведска повторно ги отвори случаите, тогаш Велика Британија ќе мора да одлучи дали ќе го испорача Асанж на Шведска или на САД.
Шведската заменичка на државниот обвинител Ева-Мари Персон ќа ја соопшти одлуката на прес-конференција во Стокхолм.
Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако Амбасадата на Еквадор му го укина азилот.
Пред четири години, шведското обвинителство соопшти дека се откажало од истрагата против основачот на „Викиликс“ за два случаja на сексуално злоставување, бидејќи застареле.
ФОТО: EPA / STRINGER