Асанж служи казна од 50 седмици во Велика Британија поради кршење на правилата за кауција, откако седум години мина во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска поради наводно силување.
Обвинителството на Шведска, кое го истражува случајот, на својата интернет страница соопшти дека почнало со анализа на доказите и оти нема да носи никакви значајни одлуки за наредните чекори додека процесот не биде комплетиран.
– Тоа значи дека во моментов не е во игра издавање европски истражен налог – соопшти заменичката на директорот на јавното обвинителство Ева-Мари Персон.
ФОТО: EPA / STRINGER