Шведска забрани пушење на одредени јавни места на отворен простор

108

Шведска забранува пушење на одредени јавни места на отворен простор, вклучувајќи игралишта и платформи на железничките станици.

Мерката ја усвои вчера Парламентот, со 142 гласови наспроти 120 и ќе влезе во сила на 1 јули следната година. Пушењето во ресторани на отворено, како и во кабини за пушење, исто така, ќе бидат забранети.

Во Шведска, пушењето во моментов е дозволено во посебно определени зони на работните места и на јавни места.

Според официјалните податоци од 2016 година, само 11 отсто  од 10 милиони население пушат секојдневно, а 10 проценти пушат од време на време.

Новиот закон има цел Шведска да стане земја без чад од цигари до 2025 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...