Шведска: Во престрелка меѓу моторџии седум ранети, 12 уапсени

183

Шведската полиција денеска соопшти дека седум лица се ранети во престрелка меѓу моторџии кај Гетеборг и додаде дека уапсила 12 лица.

Од полицијата информираат дека нејзините патроли минатата ноќ поминале низ индустриската зона во близина на Гетеборг кога избувнала престрелка меѓу ривалските клубови.Засега не е позната точната причина за пукањето, велат од полицијата, наведувајќи дека истрагата е во тек.

Шведските власти во неколку наврати рекоа дека во изминатите неколку години е зголемено насилството и организираниот криминал, особено во периферијата на големите градови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...