Швајцарците треба да размислат за ослободување од навиката секојдневно да се поздравуваат со бакнување во образ, изјави денеска швајцарскиот министер за здравство Алан Берсе.
Во Швајцарија и соседна Франција, вообичаено е жените и лицата од спротивен пол да се поздравуваат со бакнеж во образ, но за разлика од другите западни земји, Швајцарците се бакнуваат по трипати.
– Знаеме дека држењето растојание во друштво е најдобриот начин да се забави ширењето на вирусот. Затоа, би требало сериозно да се размисли за тоа луѓето да се откажат од поздравување со бакнување – рече Берсе.
Вчера, францускиот министер за здравство Оливие Веран ги советуваше Французите да не се ракуваат поради епидемијата на вирусот корона, но не кажа ништо за бакнувањето.
Швајцарија и Франција граничат со Италија, каде изби најголема епидемија на Ковид-19 во Европа.