Швајцарско истражување: Музиката влијае врз вкусот на сирењата

Според истражувањето, најдобро влијание врз вкусот на сирењата има хип-хоп музиката. Швајцарскиот готвач и член на жирито Бенџамин Лузи рекол дека разликите помеѓу сирењата биле воочливи во секој поглед.

191

Изложувањето на сирењата на непрекидна музика би можела да го засили нивниот вкус, а во ова хип-хопот би можел да биде поуспешен од Моцарт, објавиле швајцарските научници.

Девет пити ементалер тешки по 10 килограми минатиот септември биле сместени во посебни дрвени кутии за да се тестира влијанието на музиката на нивниот мирис и вкус. Пет пити биле постојано изложени на звуците од Моцартовата „Волшебна флејта“, на рок класикот од Лед Цепелин „Stairway to Heaven“, хип-хоп снимката на групата A Tribe Called Quest „We Got it From Here“, техно звуците на Врил, односно, на звуците од електронското дуо Yello. Три пити сирење биле континуирано изложувани на звучни бранови со ниска, средна и висока фреквенција, а последната пита уживала во тишина.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...