Швајцарски кантон гласаше за забрана на бурката

269

Околу две третини од жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана за носење бурки на јавни места, а соседниот кантон Тицино, уште во јули 2016 година, забрани носење на ваква облека, која целосно го прекрива лицето.

Сите гласачи на национално ниво ќе бидат повикани да се изјаснат по прашањето за носење бурка на отворен простор, најверојатно следната година.

Според швајцарскиот систем на директна демократија, гласачите во североисточниот кантон побараа построги закони за казнување на носењето облека која целосно го покрива лицето, поради тоа што сметале дека тоа претставува закана по нивната безбедност.

Според официјалните податоци кои ги пренесе агенцијата АФП, во кантонот Сент Гален речиси 67 проценти од електоратот гласаше за забрана на бурката.

Покраинската влада сега мора да ги спроведе резултатите од референдумот. Гласачите гласаа за текстот што веќе го усвои регионалниот парламент со поддршка на популистичката десница и париите од центарот.

– Ќе се казни секое лице што е тешко да се препознае, бидејќи го прекрива лицето на јавен простор со што претставува опасност по јавната безбедност, социјалниот и верскиот мир“, се вели во текстот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...