Загинаа сите 20 патници од авионот Јункерс Ју-52 кој се урна на југоисток во Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Загинале 11 мажи и девет жени, претежно жители на Швајцарија.
Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју Ер“ која нуди туристички патувања во поранешни швајцарски воени авиони.
Полицијата смета дека истрагата ќе биде „многу комплицирана“ бидејќи од авионот не бил испратен повик за помош.