„Швајцарија на Балканите“ нов роман од Драги Михајловски

321

Најновиот роман „Швајцарија на балканите“ во издание на Матица македонска е ново прозно остварување на Драги Михајловски во кое авторот навлегува во сферата на можното-односно на утописката литература.

Возбудливо напишан роман, убаво структуиран со завршна поента во која авторот се навраќа на своето пишување, својата естетика, своето писателско вјерују и кажува дека сѐ што научил во животот е да пишува, односно да живее еден паралелен живот полн со возбуди што можеби никогаш не се случиле и нема да се случат во блиска иднина.

– Романот „Швајцарија на Балканите“ е богата ризница на чистиот македонски јазик, танц на умот меѓу избраните зборови, постигната смисла на секоја реченица што претендира да биде дел од оваа многу креативна и врвна лексичка пирамида -констатира Раде Силјан во препораката на најновото романескно остварување на познатиот македонски писател.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...