Трамвај со портретот на Арнолд Шварценегер можел да се види на улиците на Виена кога славниот холивудски актер го посетил градот по повод Австрискиот светски самит.
Шварценегер се повозел во трамвајот со неговиот лик и на него на крајот од возењето се потпишал. Потписот кој го оставил на трамвајот на Градското сообраќајно претпријатие ќе послужи за добротворни цели.
Автограмот ќе оди на аукција и сите собрани средства ќе бидат наменети за програмата за зачувување и спасување на желките кои живеат во австрискиот национален парк Донау-Ауен.