Шаља: Нема да се толерира никој кој не го истакнува знаменцето на земјата на потекло на производите

379

Косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља изјави дека нема да се толерира ниту еден деловен субјект кој не ја почитува законската одредба за истакнување знаменце на земјата на потекло на производот во продажните места во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шаља на денешната прес-конференција информира дека Инспекторатот на Министерството (МТИ) е на терен за да контролира дали се спроведува Законот за заштита на потрошувачите, односно членот со кој се наложува истакнување на знаменцата, кој стапи на сила пред неколку недели.

– Сакам да ве информирам дека, со цел целосно спроведување на Законот за заштита на потрошувачите, но и на другите закони, од денеска побарав од инспекторите да продолжат со инспекциите, за да видиме во која мера се почитува Законот, односно членот кој одредува истакнување на знаменцето на земјата на потекло покрај артиклите – изјави Шаља.

Тој нагласи дека Инспекторатот веќе нема да толерира ниту едно продажно место кое не ја почитува одредбата.

– Барам од сите продажни места на територијата на Косово да ја спроведуваат во целост оваа одредба од законот и да не дозволуваат манипулации какви што се прават со некои артикли, кои се произведени во една држава, а се означуваат со знаме на друга – порача Шаља.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...