Легендарниот француски шансониер, Шарл Азнавур, е хоспитализиран поради скршеница на раката при пад во неговиот дом во близина на Арле во јужна Франција.
– Не се случи ништо страшно, Азнавур само ја скрши надлактицата – истакна неговата потпаролака.
Меѓутоа, таа не можеше со точност да потврди уште колкав период пејачот ќе биде задржан во болница.
Азнавур овој месец ќе наполни 94 години, а од 21 до 23 мај треба да одржи турнеја во Јапонија.
Поради болест минатиот месец мораше да го откаже концертот во Санкт Петербург.