Холивудската актерка Шарлиз Терон (43), која посвои две деца, ќерката Аугуста и синот Џексон, откри дека седумгодишниот Џексон го воспитува како девојче. Како што изјавила, Џексон имал три години кога ѝ рекол дека не се чувствува како момче, па сега таа вели дека има две убави ќерки.
„Ете! И jaс мислев дека е момче. Сè додека не ме погледна на тригодишна возраст и ми рече: „Јас не сум момче!’“ – раскажала актерката за „Дејли мејл“.
Шарлиз истакнала дека нема да се меша во животот на својата ќерка бидејќи се „нашла” себеси.
– Како родител, мојата работа е да славам со нив, да ги сакам и да им обезбедам сè што им треба за да бидат она што сакаат да бидат – рекла актерката и продолжила:
„Ќе направам сé што е во моја моќ за децата да ги имаат правата што им припаѓаат.“
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT