Една од најубавите жени на светот, актерката Шарлиз Терон (43) веќе извесно време е во потрага по љубовен партнер, но нагласува дека нема заинтересирани. Како е тоа воопшто можно?!
Убавата актерка зборувала за својот приватен живот во една емисија минатиот четврток. Таа моментално го промовира својот нов филм „Long Shot“, а во разговорот, помеѓу другото, истакнала дека воопшто не е лесно како што изгледа да најде некого со кого барем би излегла на љубовен состанок.
„Веќе 10 години сум сингл. За чудо, јас сум слободна“, открила убавата актерка.
Не е првпат Шарлиз да зборува отворено за ова. Актерката е изненадена што мажите и понатаму на некој начин се плашат од неа. Таа е, пред сè, силна жена во машката индустрија и никогаш не се плашела од тоа да го каже својот став.
„Не знам ниту како мажите воопшто ми одговараат на прашањата. Многу ги плашам“, потврдила таа во едно интервју.
Таа најчесто зборува со одредена доза хумор и без пардон.
„Сепак, би требало да имаш храброст за да седнеш пред мене“, изјавила таа на шега.
Последната врска на oскаровката била со Шон Пен, а пред него се гледала со уште еден актер, Стјуард Таунсенд. Ја имаат поврзувано и со други актери (со Бред Пит, на пример), но таа ги негирала таквите претпоставки.
Убавата актерка е мајка на две деца, седумгодишниот Џексон и тригодишната Август.
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT