Маша е родена со само 450 грама во 27. недела од бременоста и била животно загрозена. Борбата на лекарите за нејзиниот живот траел 5 месеци затоа што имала операции поради токсична инфекција на цревата со перфорации.
Денес бебето во рацете на мајката потполно здраво си отиде дома, откако ја напушти Клиниката за детски болести во Загреб, пишува Јутарњи лист.
Девојчето Маша по пет месеци ја достигнало вообичаената тежина при раѓање од 3 килограми и пред неа е животот во семејството кое од нејзиното доаѓање на свет беше покрај неа во болницата.
Ова е извонреден медицински успех на лекарите од загребската болница за деца за што сведочи фактот дека во светот толку мали бебиња успеале да преживеат само во три случаи и тоа Емилија во Германија, Абигел во Англија и Маша од Хрватска.
Подготви: А.Ј.
ФОТО: Твитер