Човиќ: Босна не е по мерката на хрватскиот народ

Повеќе босански политичари изминатите денови изнесуваа слични изјави, откако претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, го отворија прашањето за прецртување на границата со цел да се добијат две етнички хомогени држави.

148

Драган Човиќ, член на босанското колективно Претседателство од редовите на хрватската заедница, денеска изјави дека положбата на Хрватите во Босна е комплицирана и дека државата не е организирана согласно потребите на Хрватите.

– Хрватите се најмалубројни од трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина, и државата не е формирана по мерка на хрватскиот народ. Дејтонскиот мировен договор ја запре војната, но ја остави Босна со два ентитети, и три конститутивни народи, каде најмалубројниот народ, Хрватите, мораат да го бараат своето место во услови каде никој нема разбирање за нас – изјави Човиќ при посетата на Вуковар.

Повеќе босански политичари изминатите денови изнесуваа слични изјави, откако претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, го отворија прашањето за прецртување на границата со цел да се добијат две етнички хомогени држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...