Англиската фраза „Passionate about Medicine. Compassionate about People“ најдобро го опишува д-р Горан Николов, чија ординација ПЗУ „Центар за внатрешни болести – Срце“ направи бум во Македонија споделувајќи го со пациентите популарниот хроно режим на исхрана на доктор Ана Гифинг.
Николов пред пет години го посетил Центарот на доктор Ана Гифинг за да види како работат и како интернист кардиолог, на почетокот не ги сфатил толку сериозно.
– Но потоа кога истражував, видов дека диететиката е цела наука. И затоа одлучив примената на хроно исхраната да ја донесеме и воведеме во Македонија – вели Николов во неодамнешното интервју за Плусинфо.
Тој и неговото семејство веќе петта година се хранат според принципите на хроно исхраната.
– Целото семејство, вклучително сопругата и децата, денот го почнуваме со чаша млака вода со лимон. По половина час следува појадок, а кафето следува потоа. Значи, хроно исхраната ние веќе петта година ја практикуваме – вели тој.
Чувај го срцето!
Визијата на „Центарот за внатрешни болести – Срце“ е преку основните вредности и начела на стручност, доверба и грижа, да биде верен чувар на здравјето на граѓаните.
– Со кампањата „Најдобрите интернисти на едно место“, односно #srcecares4u ја исполнуваме нашата цел, со професионална посветеност, најсовремена опрема и врз основа на сите потребни испитувања, толкувани од најдобрите интернисти, во најкраток можен рок да поставиме дијагноза, а на здравите да им овозможиме превенција од болести – велат од Центарот „Срце“.
Д-р Николов, специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог, основач и раководител на ПЗУ „Центар за внатрешни болести – Срце“, повеќе од 30 години неуморно ја споделува својата професионална стручност, доверба и грижа за секој човечки живот, и затоа е познат како „човекот со големо срце“.
– Чувај го срцето и околината, вози точак. Стори денес нешто за себе за коешто ќе си заблагодариш себеси во иднина – порачува Николов, кој често се води од начелата на Хипократ: „Некои пациенти се излекуваат, само поради довербата во лекарите“ и „Животот е премногу краток, а медицината премногу исцрпна за да се совлада сета за еден животен век“.
Доктор за рокенрол
Покрај еминентната медицинска експертиза и постојаната професионална надградба преку учество на голем број национални кардиолошки конгреси, голем број меѓународни европски/светски конгреси и симпозиуми, д-р Николов е посветен сопруг и татко, а слободното време го користи за практикување на своите многубројни хобија.
Често може да го сретнете овој роден скопјанец на велосипед. Покрај велосипедизмот, се занимава со планинарење, е страстен љубител на патувања, скијач, дискофил и помеѓу своите пријатели познат и како доктор за рокенрол.
(промотивен текст)