Членови на „Рубикон“ упаднаа во атинска болница

92
ФОТО: МИА

Околу 10 лица, членови на грчката анархистичка група „Рубикон“, упаднаа во атинска болница во знак на протест поради смртта на болничарката од Ерменија која пред неколку дена за да избегне проверка и да биде уапсена, си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на болницата.

Членовите на „Рубикон“ фрлија летоци во дворот на болницата, стигнаа до канцеларијата на заменик управителот, го изразија пред него нивното незадоволство од трагичниот настан, по што си заминаа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...