Градежната компанија „Адора Инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец купи 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка, соопшти Банката преку Македонска берза.
„Адора Инженеринг“ вложи 1,4 милиони евра во акции со право на глас по пазарна цена од 5.650 денари и стана најголем поединечен акционер во оваа банка.
Со оваа трансакција Адора Инженеринг заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 245.347 обични акции, односно ќе има учество од 10,76 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.
Трансакцијата, според соопштението, се случила на први ноември.