Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика на построга политика кон мигрантите и бегалците во Европската унија.
– Прво треба да испратиме јасен сигнал, дека Европа е затворена и дека повеќе никој не може да доаѓа тука – истакна Бабиш за весникот „Право“.
Според него, пораката на Европа за бегалците треба да биде „седете си дома и ќе ви помогнеме таму“.
– Пораката треба да не биде двосмислена. Ако сум рекол дека нема да прифатиме ниту еден илегален мигрант, значи тоа ќе се случи- потенцираше Бабиш.