Чешка манекенка завршила во затвор во Пакистан: Мислела дека добила подароци, а сега поради три фишеци оди на робија од 8,5 години

Манекенката била уапсена во 2018 година на аеродромот во Лахоре. Ја фатиле при влегување во авион за Ирска, а требало да мине низ Дубаи.

889

Чешката манекенка Тереза Хлускова (22) се скршила пред камерите, откако во Пакистан била осудена на 8,5 затвор поради обид за шверцување на 8,5 килограми хероин, вреден 1,15 милиони евра.

Во солзи одговарала на прашањата на новинарите во Лахоре, каде била донесена пресудата.

Манекенката била уапсена во 2018 година на аеродромот во Лахоре. Ја фатиле при влегување во авион за Ирска, а требало да мине низ Дубаи.

Хлускова при апсењето, а и подоцна, на инспекторите им тврдела дека дошла во Пакистан да работи како манекенка, но дека некој ѝ подметнал дрога во куферот. Нејзиниот адвокат Сардар Асгар Догар рекол дека ќе се жали на таа одлука. Казнета е исто така со 700 евра.

Тереза Хлускова била сопрена на аеродромот со дрога од врвен квалитет сокриена во фишеци во нејзиниот куфер. Приказната добила силен медиумски одек, бидејќи Тереза Хлускова насмеана се фотографирала со пакистанските инспектори кога била уапсена.

Уапсени биле и двајца мажи поврзани со шверц на дрога, а нивните контакти полицијата ги пронашла во нејзиниот телефон. Објавено било и видео од пакистански цариници како копаат во нејзиниот куфер и ја откриваат дрогата додека таа гледа.

– Ми дадоа три фишеци или нешто такво. Ми рекоа дека се подароци, не знаев што има внатре -рекла тогаш.

Николаj Симеонов Иванов лани добил тригодишна затворска казна откако се заканувал со терористички напади во Пакистан, доколку чешката манекенка не биде ослободена.

Бугарскиот државјанин, имено, праќал заканувачки имејлови и пораки во еден портал во Пакистан, но подоцна признал дека не знаел дека би можел да има последици поради тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...