Во пожар што изби во зграда во изградба во Тама сити, западно предградие на Токио, починаа најмалку четири лица, а околу 40 се повредени.
Во недовршената зграда има заробени луѓе.
На местото на несреќата има над 70 противпожарни возила и на брзата помош.
Зградата зафатена од пожар има три ката над земја и три ката под земја. Кога избил огнот на објектот работеле околу 300 лица.
Се претпоставува дека пожарот е предизвикан откако се запалил градежен материјал во последниот подземен кат.